Училиштето денес
ОУ „Браќа Миладиновци“ - Куманово се наоѓа во центарот на градот Куманово. Училиштето постои од 1953 година. Тоа е едно од најстарите училишта во општината. Во него учат околу 1.200 ученика од I до VIII одделение. Училиштето работи во 5 училишни згради, а во својот состав вклучува и две подрачни училишта (во с. Пчиња и с. Студена Бара). Дворното место на цетралната зграда е солидно уредено. На предната странана на училишната зграда на ул. „Народна Револуција“, површината е озеленета, редовно се чисти, наводнува и одржува. Наставата во централното училиште се изведува во кабинети по сите предмети. Училиштето располага со современа канцеларија за наставници, медијатека, современ кабинет по информатика, како и спортска сала со површина од 1.025 m2. Наставата се изведува во 1 смена која најизменично се менува на секои две недели.
| Директор | 1 |
| Секретар | 1 |
| Благајник | 1 |
| Педагог | 1 |
| Психолог | 1 |
| Социолог | 1 |
| Библиотекар | 1 |
| Логопед | 1 |
| Дефектолози | ?? |
| Воспитувачки | 3 |
| Одделенски наставници | 37 |
| Предметни наставници | 42 |
| Домаќин | 1 |
| Хаус мајстор | 1 |
| Технички персонал | 14 |
Мисија на училиштето
Училиштето го поттикнува и обезбедува индивидуалниот развој на учениците и наставниците, ја развива свеста за правата и одговорностите, го негува меѓусебното разбирање и почитување и работи по високи етички стандарди.
Визија на училиштето
Да создадеме безбедна и дисциплинирана средина во која учениците ќе доаѓаат со задоволство затоа што во училиштето наставата ќе биде современа, ефикасна, квалитетна и прилагодена на потребите и интересите на учениците, наставниците и нашето општество.
Цели на училиштето
Целите на училиштето се преку подобрување на инфраструктурата, опремување со современи нагледни средства, професионално усовршување на наставниот кадар , подигање на нивото на соработка со родителите и локалната средина да им се овозможи на учениците:
- индивидуален развој во сообразност со нивните предиспозиции и возрасните карактеристики;
- усвојување знаења и умеења за природата, општеството и човекот;
- оспособување за примена на знаењата и умеењата во животот и натамошното образование;
- развивање чувство на одговорност за вистината и значењето на трудот на човекот, смисла за убавото, културните традиции и свест за припадност на Република Македонија;
- почитување и исполнување на граѓанските права и обврски.
Нашето училиште секоја година учествува во различни проекти, како и семинари за наставници.
Учениците учествуваат на разни натпревари при што имаат освоено голем број на награди од општинско, регионално, државно и меѓународно ниво.
ОУ „Браќа Миладиновци“ - Куманово збратимено е со следниве училишта:
- ОШ „Треќи крагујевачки батаљон“ - Крагујевац, Србија
- ОУ „Браќа Миладиновци“ - с. Миладиновци, Скопје


