Соработка
Наставниците од нашето училиште редовно учествуваат на разни семинари, работилници и обуки кои се одржуваат во тек на целата учебна година и се на разни теми, а имаат за цел континуирано усовршување и информирање на наставниот кадар. Во контекст на тоа тие соработуваат со:
- Министерство за образование и наука
- Биро за развој на образование
- Локалната самоуправа
- Невладините организации во нашиот град
- Меѓународни невладини организации како и
- Збратимени училишта од нашата држава и соседството
Едни од поважните одржани семинари се:
- Модернизација на образованието „Промена на улогата на наставникот преку примена на нови стратегии за учење“,
- USAID „Интеграција на ИКТ во наставата“,
- ToolKID - Обука на одделенски наставници „Инплементација на ToolKID програмата во наставата“.


