Училиштето денес

ОУ „Браќа Миладиновци“ - Куманово се наоѓа во центарот на градот Куманово. Училиштето постои од 1953 година. Тоа е едно од најстарите училишта во општината. Во него учат околу 1.200 ученика од I до VIII одделение. Училиштето работи во 5 училишни згради, а во својот состав вклучува и две подрачни училишта (во с. Пчиња и с. Студена Бара). Дворното место на цетралната зграда е солидно уредено. На предната странана на училишната зграда на ул. „Народна Револуција“, површината е озеленета, редовно се чисти, наводнува и одржува. Наставата во централното училиште се изведува во кабинети по сите предмети. Училиштето располага со современа канцеларија за наставници, медијатека, современ кабинет по информатика, како и спортска сала со површина од 1.025 m2. Наставата се изведува во 1 смена која најизменично се менува на секои две недели.

Вкупен број на вработени во училиштето
Директор 1
Секретар 1
Благајник 1
Педагог 1
Психолог 1
Социолог 1
Библиотекар 1
Логопед 1
Дефектолози ??
Воспитувачки 3
Одделенски наставници 37
Предметни наставници 42
Домаќин 1
Хаус мајстор 1
Технички персонал 14

Мисија на училиштето

Училиштето го поттикнува и обезбедува индивидуалниот развој на учениците и наставниците, ја развива свеста за правата и одговорностите, го негува меѓусебното разбирање и почитување и работи по високи етички стандарди.

Визија на училиштето

Да создадеме безбедна и дисциплинирана средина во која учениците ќе доаѓаат со задоволство затоа што во училиштето наставата ќе биде современа, ефикасна, квалитетна и прилагодена на потребите и интересите на учениците, наставниците и нашето општество.

Цели на училиштето

Целите на училиштето се преку подобрување на инфраструктурата, опремување со современи нагледни средства, професионално усовршување на наставниот кадар , подигање на нивото на соработка со родителите и локалната средина да им се овозможи на учениците:

  • индивидуален развој во сообразност со нивните предиспозиции и возрасните карактеристики;
  • усвојување знаења и умеења за природата, општеството и човекот;
  • оспособување за примена на знаењата и умеењата во животот и натамошното образование;
  • развивање чувство на одговорност за вистината и значењето на трудот на човекот, смисла за убавото, културните традиции и свест за припадност на Република Македонија;
  • почитување и исполнување на граѓанските права и обврски.

Нашето училиште секоја година учествува во различни проекти, како и семинари за наставници.

Учениците учествуваат на разни натпревари при што имаат освоено голем број на награди од општинско, регионално, државно и меѓународно ниво.

ОУ „Браќа Миладиновци“ - Куманово збратимено е со следниве училишта:

  • ОШ „Треќи крагујевачки батаљон“ - Крагујевац, Србија
  • ОУ „Браќа Миладиновци“ - с. Миладиновци, Скопје