Предметна настава

Предметната настава ја изведуваат 42 наставника, соодветни и стручни во својата работа, во 24 паралелки со околу 600 ученика. Истите перманентно посетуваат голем број семинари и работилници организирани од страна на МОН и БРО. Вклучени се во голем број проекти со цел, стручно да се усовршат, вложувајќи максимални напори за постигнување високи резултати во наставните и воннаставните активности.

Наставниците водејќи сметка за својот подем во работата, активно се ангажирани во работата на три стручни активи во училиштето:

  • Актив на прирони науки
  • Актив на општествени науки
  • Актив на јазично-естетско наставно подрачје

Освен на наставата, се посветува големо внимание на слободните ученички активности кои успешно работат во училиштето. Учениците од предмената настава редовно учествуваат на разни општински, републички и меѓународни натпревари, конкурси и квизови, закитувајќи се со многубројни награди, дипломи и признанија.