Посебни паралелки

Во составот на основното училиште „Браќа Миладиноци“ работат и посебни паралелки во кои се опфатени и распоредени деца со лесна попреченост во психофизичкиот развој. Овие паралелки се формирани во 1964 година, а од 1974 година тие се селат во денешнава зграда, некогашна зграда на ОУ „Христијан. Т – Карпош“.

Наставата во посебни паралелки претставува сеопфатен образовен процес, корективен, медицински и социјален третман. Најважна компонента е воспитно - образовната активност бидејќи преку неа учениците на најорганизиран начин се здобиваат со знаења, умеења и навики. Наставата е организирана од I до III одделение деветгодишно образование и од III до VIII одделение осумгодишно образование и во неа се опфатени 67 ученици. Наставата ја реализираат дефектолози, наставници и логопед.

Во посебните паралелки покрај редовната настава се изведува изборна настава, дополнителна, час на раководител на паралелката, корективна гимнастика, корекција на говор, курсна настава. Посебно се води грижа за здравјето на учениците за јавната и културната дејност, слободните ученички активности и ученичките организации. Задолжителна настава по наставни предмети во посебните паралелки се:

  • Македонски јазик,
  • Математика,
  • Географија,
  • Историја,
  • Природа и опшество,
  • Домаќинство,
  • Техничко образование,
  • Ликовно образование,
  • Музичко образование,
  • Физичко и здравствено образование,
  • Грижа за здравјето на учениците.