Одделенска настава

Одделенската настава во училиштето е застапена со 32 паралелки во кои 612 учника редовно ја посетуваат наставата. Од нив 5 паралелки има во подрачното училиште во с. Пчиња со 41 ученик и во с. Ст. Бара 2 пралелки со 18 ученика. Воедно во рамките на училиштето има и 5 паралелки со ученици со посебни потреби.

Наставниот кадар го сочинуваат дипломирани одделенски професори кои несебично се залагаат што повеќе да допринесат во наставниот процес. Сите тие постојано ги следат сите новини, редовно присуствуваат на семинари и обуки организирани како од Владин така и од невладин сектор, сакајќи наставата да ја направат што по интересна за учениците.

Сето она што се јавува како ново во денешното реформирано образование е застапено во нашето училиште (ИКТ, ToolKID , интегрирана настава).

Со своите воннаставни активности нашите ученици земаат учество на разни манифестации одбележувајќи позначајни дати, а патрониот празник е ден кој сите со радост и нетрпение го чекаат.

Редовно сме присатни на маскенбали, ликовни и литературни конкурси, рецитаторски натпревари, каде најчесто сме меѓу најдобрите.